сабота, 27 јули 2024
Изненадувачка изјава на директорка од Токсикологија

Бесија Иљази: Нико Беќаровски е од времето на друже Тито!

Откако денеска во Клиниката за токсикологија осамна наредба со која економската директорка Бесија Иљази забрани вработените да контактираат со новинари, таа, како што јавија повеќе медиуми, повикала еден новинар (!?) и му кажала дека има доктори, како проф.д-р Нико Беќаровски кој „дреме“ на Фејсбук и е од времето на „друже Тито“.

Фото: Проф.д-р Нико Беќаровски со докторки од Токсикологија

Објавено на

часот

Сподели

„Од страна на некои лекари кои не се повеќе од пет или шест, се испорачуваат невистини во медиумите. Во јавноста се добро познати по скандали и дезинформации и се нарекуваат доктори на Фејсбук зашто цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на друже Тито помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано создава забуна во јавноста. Новите наредби и поредок што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан кои се навикнати да работат според нивните навики“, му кажала на едниот новинар Бесија Иљази.

Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.

Инаку, наредбата од Иљази наиде на осуда од јавноста, а Здружението на новинари најави дека поради воведување цензура ќе побара одговорност од неа пред Министерството за здравство.

Бесија Иљази не беше разрешена од министерот за здравство иако лекарите протестираа против неа, како поради односот, така и поради тврдењата за нејзина нестручност и непознавање на македонскиот јазик поради што ги користи своите секретарки како преведувачки!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ