Според Бешкиовска, проблемот не е во тоа што медицинските сестри заминувале само во странство, туку и во приватните здравствени институции, а заминувале и воопшто од професијата. Затоа, подвлече таа, многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не бидеме нација што ќе остане без медицински сестри.
„Нашето мото на оваа манифестација во рамките на неделата на сестринството, е ‘Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација’. Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата“, нагласи Бешлиовска, потсетувајќи и на хуманитарни активности организирани во изминатиот период.
Бешлиовска рече и дека биле маргинализирани во однос на многу нивни барања досега, иако редовно го кревалегласот и реагирале. Изрази надеж дека конечно професијата ќе се изрегулира со закон.
Денешниот настан започна со донациски базар „Сестрите за сестрите“. Со собраните финансиски средства, како што беше појаснето на настанот, ќе се помогне на неколку медицински сестри кои побарале помош, а се лекуваат од малигни заболувања, како и на една медицинска сестра чие малолетно дете се лекува во Белград.