Николас Пепе во 2019 стана најскапото засилување во историјата на Арсенал, „топчиите“ на Лил му платија 80 милиони евра.
Но офанзивниот фудбалер никогаш не ја оправда огромната инвестиција, се мачеше со формата и на мала врата си замина од „Емирати“.
Трабзонспор реши да му даде шанса, но и таму не пројде најдобро, постигна само 5 гола на 19 натпревари и стана вишок и во Турција.
Последните информации велат дека Трабзонспор нема да му понуди нов договор, па Николас Пепе ќе замине по крајот на сезоната како слободен играч.
Се говори дека клубови од Саудиска Арабија сакаат да го ангажираат, но неговиот приоритет е останување во Европа.