Карим Бензема и Криситјано Роналдо делеа соблекувална, голови, стотоци натпревари и многу титули. Двајцата имаат огромна меѓусебна почит, но Французинот не се сложува со една констатација на Португалецот.
Неодамна, Кристијано Роналдо изјави дека тој е најдобриот фудбалер на сите времиња, но така не мисли Карим Бензема.
„Секој може да каже што сака. Ако тој мисли дека е најдобар во историјата…И јас сметам дека Роналдо е најдобар… ама тој од Бразил“ – вели напаѓачот на Ал Итихад.
„Не сакам да правам споредби помеѓу играчите, секој има испишано своја историја, и таа на Кристијано е многу добра“.