среда, 25 декември 2024

Бенјамин Нетанјаху: Постигнат е напредок во преговорите со Хамас за заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека е постигнат напредок во преговорите за заложниците со Хамас во Газа, но дека не знае колку време ќе биде потребно за да се видат резултатите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на говорот во израелскиот Кнесет, Нетанјаху рече дека Израел постигнал „големи достигнувања“ на воен план на неколку фронтови и дека воениот притисок врз Хамас ги навел неговите лидери да ги ублажат своите претходни барања, објави Ројтерс.

Тој рече дека Израел ја зајакнал својата позиција како „регионална сила“ и планира да го прошири Авраамскиот договор заедно со израелскиот „американски сојузник“.

Палестинската милитантна група Хамас, која владееше со Газа, изврши прекуграничен напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кога, според израелските податоци, беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 лице беа киднапирани.

Оттогаш, повеќе од 100 заложници се ослободени преку преговори или израелски воени спасувачки операции. Од 96-те заложници што сè уште се држат во Газа, Израел претпоставува дека 62 сè уште се живи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ