сабота, 19 октомври 2024
Ла Лига

Белингем носи нова победа на Реал, четири гола на три меча за Англичанецот! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Прва на погодок се израдува Селта, но голот на Ларсен во третата минута беше поништен поради фаул врз Кепа Аризабалага кој дебитираше на голот на Реал Мадрид.

Во 15. минута од игра излезе Винисиус поради повреда на задната ложа.

Голем момент имаше и во 68. минута кога Родриго промаши пенал. Виљар го одбрани неговиот удар. Пеналот го направи токму Виљар по удар врз Родриго.

Но, Реал Мадрид го има Белингем. Во 81. минута Англичанецот погоди со глава за водство и победа на кралскиот клуб од 1-0.

За Белингем ова беше четврти гол во три кола во Ла Лига. Англичанецот покажува дека вредат сите пари кои Реал Мадрид ги даде за него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ