Новосадските студенти организираат блокада на Варадинскиот,, Жежељевиот и Мостот на слободата, а акцијата ја нарекоа „Три месеци – три моста“. Освен колегите од Белград, ќе им се придружат, како што е најавено, бројни јавни личности и претставници на организации од регионот кои го поддржуваат студентското движење поттикнато од трагедијата во Нови Сад.
Krenula je protestna šetnja za Novi Sad. Studenti u koloni prolaze ulicom, građani ih pozdravljaju.
Kažu da su tu da podrže studente. Jedan od građana kaže da su mu suze pošle na oči.
“Meni je ovo veličanstveno, emotivno, apsolutna podrška”, kaže građanin. pic.twitter.com/1aUMJ1k4tR
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 30, 2025
Студентите како клучни цели ги истакнаа истерувањето на правдата и процесирањето на сите одговорни за уривањето на стреата на новосадската железничка станица, борбата против корупцијата и за поправедно општество, како и за ефикасна и непристрасна работа на институциите.
На социјалните мрежи студентите ги повикаа граѓаните од цела Србија и колегите од останатите универзитети да им се придружат во сабота, 1 февруари, од 15 часот, за „гласот на студентите да одекне низ Србија“ токму од Нови Сад, во кој „злосторството на државата“ беше иницијатор на протестите и студентските блокади.