понеделник, 21 октомври 2024

Белградски адвокат: Нашиот проблем е што власта е полуда од народот

Објавено на

часот

Сподели

„Србија се дави во насилство. Еден од основните инструменти на оваа власт е промоцијата на насилство. Во желбата да им се претстават на гласачите како многу моќни, омнипотентни, го промовираат насилството што секојдневно се прелева од екраните, конференциите за медиуми… Она на што интелектуалците укажуваат веќе 12 години е дека сето тоа насилство ќе се врати како бумеранг. Тука се и војните, достапноста на оружјето, нерегулираните граници…

Сето тоа придонесува, но основното е тоа што една политичка опција 12 години ги уништува институциите. Таа опција 12 години плански спроведува насилство и дивеење, прикажувајќи се себеси како некој што владее со апсолутно сè во оваа земја и ние немаме поделба на власта. Имаме претседател и ништо друго. Сè останато се послушници од другата страна на телефонската говорница. Сето тоа доведе до позиција насилството секојдневно да се прелева“, кажа белградскиот адвокат за Н1.

„Најстрашното е што Европа го поддржува нашиот насилник. Ние се наоѓаме во експрес лонец за кој е прашање на време кога ќе експлодира. Ние не знаеме како тоа се сопира. Ако не се смени главниот генератор на оваа криза, за жал, и вчера го гледавме како сето ова што се случи го користи за кревање на сопствениот рејтинг кога дава брзи решенија…

Тука не станува збор за тоа дека немоќната глава сонува цврста рака. Еве, сега имате цврста рака и ништо друго. Нашиот претседател се фали и со тепачки на стадионите, тешко дека во нормална држава такво нешто може да помине“, вели Прелевиќ.

Адвокатот вели дека изјавата на Вучиќ дека ќе ја разоружи Србија е собирање политички бодови. Смета дека во Србија сè почнува и завршува во медиумите.

„Тие не се во состојба да ја спроведат ни таа мерка бидејќи немаат капацитет. Од една страна, кога ќе погледнете во каква позиција сме, имате некој што тврди дека 1,4 тони наркотици во Јовањица не се значајни, имаме ситуација полицијата да не ги чува училиштата, туку плантажите на наркотици. Сега таа личност ќе ја разоружува земјата… Имаме и слика на началник на психијатриска болница со оружје. Нашиот проблем е што овие што владеат се полуди од граѓаните. Тоа тешко ќе се реши бидејќи на дел од граѓаните им се допаѓа“, наведува Прелевиќ.

„Заканите и казните не се решение за децата, туку мора да се види како дошло до тоа тие да се фалат со насилство и да поддржуваат злосторства. Тоа е задача за стручните лица, психолозите, психијатрите. Власта смета дека во тој случај ќе ја препушти управувачката палка. Тие не се заинтересирани за Србија, да се, не би го правеле ова. Тие се заинтересирани за профит.

Ова ќе се заврши со тоа што некого уапсиле. Ден откако се предаде овој од Младеновац, претседателот кажа дека тој нема да види бел ден. До таа мера го негира правосудството. Така што, сè што е кажано покажува дека нему никој ништо не му може бидејќи тој е апсолутен владетел во Србија. Се поставува прашањето има ли друг излез освен граничните премини.

Ова што се случи мора да биде поука никогаш да не се повтори, и за Србија и за регионот. Србија е во најлоша позиција. Тука не станува збор за занемарен малолетник, тука станува збор за занемарен систем. Целиот систем треба да мине низ стручна ревизија, која нема кој да ја спроведе.

Ние сме ријалити-држава. Зошто би го одземале оружјето од некој што го купил затоа што државата му е толку небезбедна што не може да ги чува својот дом?“, праша тој.

„Секоја приказна за тоа дека ученикот е монструм ја истакнува нивната одговорност. Тоа дете е производ на она што ние сме му го сервирале“, додаде Прелевиќ.

Тој објаснува дека момчето од Белград што го изврши масакрот во училиштето во постапката може да биде само сведок бидејќи е помлад од 14 години, а по закон децата помлади од 14 години не може да се сметаат за одговорни.

„Во зависност од тоа како било чувано оружјето, за тоа ќе може да одговара неговиот татко. Детето веројатно ќе биде на психолошко-психијатриско испитување, ќе видиме какво е неговото ментално здравје. А што се однесува на момчето од Младеновац, имаме татко што е вработен во системот, кој не знае дали има негов придонес во огромниот арсенал оружје.

Неговата ситуација е поинаква, тој за ова ќе одговара. Претседателот му вети доживотен затвор. Не знам како ќе заврши тоа, но сега нема причини што ја исклучуваат неговата кривична одговорност.

Ми се чини дека тој ќе биде пример за другите бидејќи така му вети претседателот, а судиите слушаат што зборува претседателот. Очекувам значително повисока казна затвор за убиецот од Младеновац отколку во случајот на некои мафијаши“, коментира белградскиот адвокат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ