„Слушајте, еве ја суштината, претседателот Зеленски ќе го потпише овој договор, и многу наскоро вие ќе го видите, а тоа е добро за Украина“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, на собирот на истакнати конзервативци во близина на Вашингтон.
Во почетокот на февруари Трамп објави дека сака да преговара за договор со Украина за да добие 50 отсто пристап до нејзините стратегиски минерали во замена за веќе испорачаната американска помош, но претседателот Зеленски одби.
Оттогаш, тензиите меѓу Киев и Вашингтон значително се зголемија, при што Трамп го обвини Зеленски дека е „диктатор“ и иницираше нагло зближување со Кремљ.
Висок украински функционер сепак денеска за агенцијата Франс прес изјави дека Украина и Вашингтон ги „продолжуваат“ преговорите за договор за експлоатација на украинските минерали.
„За време на Трамп таа војна ќе заврши и ќе заврши брзо“, рече Валц, нарекувајќи ги разговорите со Русија „здраворазумска дипломатија“.