Претходно Вашингтон го осуди извештајот кој го состави американскиот специјален обвинител Роберт Хур, кој ги истражуваше тврдењата дека претседателот на Соединетите Американски Држави погрешно ракувал со доверливи документи.
Портпаролот за правни прашања на Белата куќа Ијан Самс изјави дека обвинителот ги пречекорил своите надлежности наведувајќи дека „Бајден има намалени способности поради староста“.
Во извештајот од 345 страници објавен во четвртокот, Хур напиша дека истрагата „открила докази дека претседателот Бајден намерно задржал и обелоденил доверливи материјали по својот потпретседателски мандат, кога бил обичен граѓанин“ но и заклучи дека потенцијалните поротници би го гледале Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“.
Поради општата паника која ја предизвика извештајот, се шпекулира за начините на кои Бајден би можел да се обиде да докаже дека е способен да ја врши претседателската функција.
Покрај тоа, забележливо е тоа што потпретседателката на САД Камала Харис по извештајот невообичаено често се појавува во медиумите зборувајќи дека е „спремна да води“, а самиот Бајден ја фали на социјалните мрежи.
„Спремна сум да го заменам претседателот Бајден ако тоа биде потребно“, кажа таа за Вол стрит џурнал.