недела, 22 декември 2024

Белата куќа: Помош од САД за Украина уште неколку месеци ако не се усвојат нови средства

Соединетите Американски Држави ќе можат да продолжат да ѝ пружаат помош на Украина „само уште неколку месеци“ ако Конгресот не усвои нови средства, соопшти вечерва Белата куќа.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби им изјави на новинарите дека точното траење на помошта ќе зависи од потребите на украинската војска и она што се случува „на бојното поле“, со наближувањето на зимата.

Изјавата на Кирби доаѓа неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден имал заеднички телефонски разговор со лидерите на сојузничките земји за координацијата на помошта за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ