петок, 25 октомври 2024

Бектеши за таксата на рускиот гас во Бугарија најавува и можен меѓународен спор

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас. 

Објавено на

часот

Сподели

„До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме компензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со Булгаргастранс“, истакна Бектеши за емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ