среда, 23 октомври 2024
Реакција на поранешниот министер за економија

Бектеши ја објави порака за која доби кривична пријава и вели: Ништо освен Бог нема да ме сопре

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши ја објави пораката поради која МВР поднесе кривична пријава за кривичното дело попречување на правда. Пораката била упатена до полициски началник во Охрид, а пријавата Бектеши ја смета за политички прогон и обид да го заплашат.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја Ви чест. Јаки сте. Срамота треба да Ви е, што се занимавате со млади луѓе“, стои во пораката која била испратена на 7-ми мај. Со оваа порака полицијата смета дека Бектеши сторил сериозно кривично дело.

Бектеши, во својата објава на социјалните мрежи наведува дека пријавата ја смета за политички прогон и објаснува што се случувало тој ден.

„На 7-ми мај во својство на координатор на Европскиот фронт во ИЕ 5 добив информација, од штабот на Европскиот фронт во Охрид дека на денот на изборниот молк бил проверуван шефот и членовите на изборниот штаб, од страна на охридската полиција, што е директна полициска интервенција во изборниот процес. Како Крешник Бектеши секој пат ќе се грижам за граѓаните i во ова, ништо освен Бог не може да ме сопре“, наведува Бектеши.

Тој вели дека „должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори“ и ја објави пораката за која вели дека ја испратил како „човек кој има одговорност и за изборниот процес.“

Бектеши смета дека целта на пријавата е да го заплашат како одмазда за дебаклот кој се случил на 8-ми мај.

Како што претходно објавивме Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривично дело за кое е запретена минимална казна од 1 година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор. Станува збор за кривичното дело попречување на правда. Бектеши испраќал пораки до началник во СВР Охрид во кој им укажувал дека претерале со преземање на одредени активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ