петок, 18 октомври 2024
Министерот од ДУИ со порака

Бектеши: Фрлам ракавица, тој што ќе загуби на изборите да се одалечи од политиката

На новинарското праање дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети е се повлече од политиката доколку неговата партија загуби на изборите од албанскиот опозициски блок, министерот од редовите на таа партија, Крешник Бектеши одговори дека тоа е прашање за Ахмети но додаде: „Повикувам да направиме договор меѓу сите политички партии, тој што ќе загуби на изборите да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата нека повелат сите политички партии вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ, па и другите политички партии“.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали тоа би го направиле и доколку ДУИ не биде дел од идната Влада, Бектеши рече:

„Тоа е хипотетичко прашање, но ако сакаат тоа би го направиле и со договор, тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ која знае дека само со ДУИ не може да се мери ни во избори, ни во идеи, па и што да се случува во однос на политичките партии. Еве, уште еднаш јавно преку медиуми ги повикувам нека повелат и ако сакаат и јавно да потпишеме дека тој што ќе ги изгуби изборите нема веќе да се занимава со политика. Но, зошто ова не би се случило, заради тоа што овие т.н. лидери на политички партии, ова не важи само за македонската опозиција, туку и за другите лидери зашто сите изгубиле избори и тоа не еднаш, повеќепати, само Ахмети никогаш не изгубил и никогаш нема да изгуби избори“, порача Бектеши.

Истакна дека има целосна мобилизација на членството на ДУИ и додаде дека победата на изборите не се дискутира во нивните редови, туку се очекува.

„Веќе се знае, само се дискутира разликата која би била меѓу ДУИ и опозицијата. Во делот на претседателските избори веќе почнуваат да излегуваат првичните анкети каде што нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност пред Таравари и сега би сакал и јавно да кажам дека е многу блиску за да влезе во вториот круг со еден од кандидатите на другите политички партии кои учествуваат во изборите“, посочи Бектеши

Тој рече дека претседателот на ДУИ Ахмети е овластен да преговара со сите политички партии, невладини организации, интелектуалци и активисти во делот на можно коалицирање за наредните парламентарни избори. И тоа веќе го прави. Во делот на коалицијата со СДСМ во моментов кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, посочи Бектеши.

„Сите опции се отворени до крајниот рок кога се доставуваат листите. Веќе знаеме дека во делот на претседателските избори ние имаме наш кандидат кој прави одлична кампања до овој момент, е најподготвениот кандидат од сите можни кандидати, најискусниот кандидат во делот на меѓународната политика, во делот на безбедносната политика. Би ги охрабрил сите други кандидати на политичките партии да излезат на отворени дебати со Османи и граѓаните да оценат согласно тоа што се понудува и согласно тоа што е сработено во надлежностите што ги има претседателот на нашата држава согласно Уставот“, рече Бектеши во одговор на прашање при денешното одбележување на Светскиот ден на потрошувачите.

Во делот на коалицирање со СДСМ рече дека нема доближување.

Прашан дали ќе останете министер за економија или ќе биде министер во друг ресор доколку ДУИ партиципира и во следната влада, Бектеши рече дека не е важно дали тој лично ќе биде министер за економија или, пак, министер во владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ