сабота, 26 октомври 2024
Реакција на министерот за економија

Бектеши: Бугарија нѐ уценува со рускиот гас, ќе бараме отштета

Македонија е уценета да изгради втор гасовод на бугарската граница заради зголеменото оданочување на Бугарија на транспортот на рускиот гас. Македонија има право на ослободен капацитет на актуелниот гасовод што не поврзува со Бугарија и ќе бараме отштета доколку наиде на условување, изјави министерот за економија Крешник Бектеши по одлуката на Бугарија да ги зголеми таксите за транспорт на рускиот гас. „„Ако си мислат дека на ваков начин може да нè уценат, тоа нема да им помине“, рече Бектеши.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонија бара веднаш да бидат ослободени капацитетите и да бидеме снабдувани и од други извори, вклучувајќи го тука и Азербеџан, но и терминалите од Грција. Уцени во делот на начинот како Македонија ќе ги инвестира и диверзифицира своите извори на снабдување, не се прифатливи од никого“, рече Бектеши

Тој смета дека Бугарија не може да воведе еднострана такса за рускиот гас што преку нејзината територија стигнува до соседните земји, вклучително и до нас. 

„Ако си мислат дека на ваков начин може да нè уценат, тоа нема да им помине и ние ќе продолжиме да ги диверзифицираме изворите на снабдување. И тука нема да има компромис. Во делот на ослободување на капацитетите, тоа се начела на либерализација што ги бара ЕУ. Не може таксата да важи само за една земја“, рече Бектеши.

Бугарија ја зголеми таксата на 10,76 долари за 1.000 кубни метри руски природен гас испорачани преку нивната територија со гасоводот „Балкански тек“. Приходот од ова би бил 1,3 милијарди евра. Српските власти веќе пресметале дека ако тој зголемен данок се вметне во крајната цена за потрошувачите, поскапувањето на гасот би изнесувало околу 20 отсто, бидејќи веќе од 1 ноември е планирано да се зголеми за 10 отсто.

Според Бектеши, Македонија има право да купува и гас од Азербеџан, како и од други извори, но во таа ситуација Бугарија бара уште еден гасовод од Македонија, која во моментов се снабдува само од едно место кај Крива Паланка.

„Ние минатата година ослободивме неколку количини во делот што го имаме од договорот со Бугарија. Меѓутоа, Бугарија има барање да имаме втор гасовод. Ние до крајот на годината ќе почнеме со изградба на вториот гасовод со Грција, што е приоритет и е целосно поддржан од страна на ЕБОР, ЕИБ и од нашите стратешки партнери. 

Уцени во делот на начинот како Македонија ќе ги инвестира и диверзифицира, не се прифатливи од никого. Ако си мислат дека на ваков начин. Тие уцени нема да им поминат и ние ќе продолжиме да ги диверзифицираме изворите на снабдување. И тука нема да има компромис. Во делот на ослободување на капацитетите – тоа се начела на либерализација што ги бара ЕУ. Не може таксата да важи само за една земја“, рече Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ