сабота, 22 февруари 2025

Бегалец од затвор фатен со српско возило и бугарски пасош

Вчера кај местото викано Миратовачки пат во село Лојане, општина Липково, полицијата го приведе Џ.С. (32 ) од Гевглија, кој бил баран поради бегство од затворот во Гевгелија каде што издржувал затворска казна.

Објавено на

часот

Сподели

При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани. Исто така, по дополнителни проверки, било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ