Реал Мадрид рутински ја реши својата задача против Кадиз победувајќи со 3-0, а потоа чекаше резултат од мечот меѓу Жирона и Барселона. Им одговараше било што, освен победа на Каталонците.
Барселона одлично го почна мечот, Кристенсен уште во третата минута погоди за водство од 1-0, но веќе во следната Довбик изедначи на 1-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме Левандовски постигна гол од пенал за ново водство на Барса, овојпат од 2-1.
Клучниот момент се случи во 65. минута кога во игра влезе Порту, овој играч само по неколку секунди игра погоди за израмнување на 2-2.
Две минути подоцна Порту беше асистент до Гутиерез за водство на Жирона од 3-2. Но тоа не беше се од овој фудбалер.
Во 74. минута по асистенција од Савио, Порту со неверојатен волеј ги постави конечните 4-2.
Барселона со овој пораз не само што му овозможи на Реал Мадрид да се израдува на шампионската титула уште денеска, туку го загуби и второто место на кое сега се качи Жирона.