Сите четири гола на натпреварот беа постигнати во првото полувреме.
Барселона поведе во 11. минута со гол на Рафиња по асистенција на Јамал, но само две минути подоцна Бенфика изедначи преку Отаменди кој погоди со глава.
Барселона брзо го врати водството, во 27. минута Ламин Јамал постигна фантастичен гол за предност на домаќинот од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Рафиња со гол на три минути пред крајот на првото полувреме.
Барселона во четвртфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Лил, првиот меч меѓу овие два тима кој се одигра во Германија заврши 1-1.