среда, 4 декември 2024

Барселона го продава Де Јонг на огромен попуст и за само 20 милиони евра?!

Медиумите од Каталонија пренесуваат дека Барселона размислува да го продаде Френки де Јонг следното лето и тоа на огромен попуст, односно за само 20 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Френки де Јонг често е дел од трансфер шпекулациите, изминативе денови се пишуавше дека Барселона доставила понуда за нова соработка, но фудбалерот не одговарал и „каталонците“ решиле да го повлечат предлогот.

Па доколку нешто не се промени во следните месеци, Барса ќе го продаде Френки де Јонг следното лето, а последните информации велат дека поставената цена ќе биде прилично ниска, односно само 20 милиони евра.

Како причина за ова се посочува тоа што договорот на Френки де Јонг е со трајност до јуни 2026 и „каталонците“ не помислуваат тој во целост да го одработи договорот и како слободен играч да замине.

Плус, платата на Холанѓанецот за последните 12 месеци е огромна и во бруто износ изнесува околу 35 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ