Каталонците го искористија домашниот терен и го совладаа италијанскиот шампион.
Мечот го отвори Фермин Лопез уште во 15. минута, а само две минути подоцна Кансело начека една одбиена топка и реализираше за водство на Барса од 2-0.
Наполи брзо се врати, Рахмани погоди во 30. минута за 2-1. Натпреварот повторно стана интересен.
Дилемите околу победникот беа решени во 83. минута кога по една прекрасна акција Левандовски даде гол за конечни 3-1.