„Каталонците“ ги искористија киксовите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид за да се вратат на врвот на табелата.
Избраниците на Ханси Флик вечерва со 1-0 го совладаа Рајо Ваљекано и со 51 бод (исто колку и Реал Мадрид но и подобра гол разлика) повторно се лидери во најсилното првенство на Шпанија.
Стрелец на единствениот погодок беше Роберт Левандовски, напаѓачот реализираше од белата точка за 1-0 во 28. минута.
Гостите преку Де Фрутос дојдоа до 1-1 во финишот на првиот дел, но судијата реши да го поништи овој гол поради тоа што Нтека беше во офсајд ситуација и го блокираше Ињиго Мартинез при обидот да интервенира, иако тешко е да се процени колку дефанзивецот и без тоа ќе можеше да реагира.