Завршницата во Ла Лига нема да биде неизвесна, Реал Мадрид вечерва ја совлада Барселона со 3-2 и се одлепи на +11 на врвот на табелата.
Гостите два пати водеа, но домаќините на крајот славеа со 3-2, Џуд Белингем повторно беше херој и слично како на првото „Ел Класико“ оваа сезона, во финишот погоди за триумф.
Барса поведе веќе во 6. минута, Кристенсен искористи една лоша проценка на Лунин, и погоди за 0-1 по еден корнер.
Реал Мадрид се врати во игра во 18. минута, Лукас Васкез на искуство изнуди пенал од младиот Кубарси, а Винисиус Жуниор од белата точка реализираше за 1-1.
Фермин Лопез ги врати „каталонците“ во предност во 69. минута од мечот, но „кралевите“ брзо одговорија, Лукас Васкез изедначи на 2-2 во 73. минута.
И кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, една топка стигна до Џуд Белингем на подлечната статива, а Англичанецот го матираше Тер Штеген за 3-2 во 91. минута од мечот за огромна радост на „Бернабеу“.