Барди вели дека овие натпревари треба да послужат за да ги исправиме грешките од претходните натпревари.
„Мислам дека е важно во следните натпревари да бидеме сконцентрирани и подготвени за тоа што нè очекува во иднина. Овие дуели ќе бидат одличен тест за да видиме до каде сме и да ги поправиме грешките пред предизвиците во Лигата на нации. Подготвени сме да ги исполниме барањата на селекторот и наше е да дадеме максимум на теренот“, кажа Барди.
Македонија утре игра со Молдавија од 15:30 часот, на 25 март против Црна Гора од 18 часот.