среда, 4 декември 2024

Балетската претстава „Есмералда“ вечерва на репертоарот во МОБ

Балетската претстава „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечер ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот. Приказната за Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе ја пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин. Сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Објавено на

часот

Сподели

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Ивана Коцевска, во улогата на Гудула ќе настапи Ангела Богатинова, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Јан Кисилев.

Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ