Во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски, Гилерме Алвес (Португалија), како и истакнати солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.