среда, 23 октомври 2024

Бајден вели дека Трамп треба да биде „политички“ затворен

Американскиот претседател Џозеф Бајден во вторникот изјави дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и дека треба да биде „политички“ затворен, додека ги уверуваше демократите во предизборната канцеларија во Њу Хемпшир дека ќе победат на изборите на 5 ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да го затвориме“, рече Бајден предизвикувајќи аплауз во канцеларија на демократската кампања во Конкорд, Њу Хемпшир. „Политички да се затвори. Да се исклучи. Ова е она што мора да го направиме“, рече тој.

Трамп, републиканскиот кандидат и поранешен претседател, сака да ги занемари заштитните мерки на американскиот Устав, рече Бајден. „Нашата демократија е загрозена“ ако Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис, рече тој.

Кога Трамп се кандидираше за претседател во 2016 година, повеќе пати присуствуваше на митинзи каде што толпата извикуваше „затворете ја“, мислејќи на тогашната демократска кандидатка Хилари Клинтон. Трамп не ги обесхрабруваше таквите скандирања.

Оваа година, за време на митинзите за поддршка на Харис, нејзините поддржувачи понекогаш извикуваат „затворете го“, мислејќи на Трамп, кој беше осуден за фалсификување документи за да ја прикрие исплатата за порноѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година. Тој, исто така, се соочува со обвинувања дека незаконски се обидел да го поништи својот изборен пораз во 2020 година.

Но Харис ги прекинува таквите повици и вели дека Министерството за правда ќе се занимава со ова прашање додека таа ќе настојува да го победи поранешниот претседател на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ