среда, 5 февруари 2025

Бајден: САД ќе продолжат да ѝ испорачуваат оружје на Украина

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден изјави дека побарал од американското Министерство за одбрана да продолжи со големите испораки на оружје за Украина, откако го осуди рускиот напад за Божиќ врз некои од украинските градови и нејзиниот енергетски систем.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на нападот беше да се прекине пристапот на Украинците до електрична енергија и греење во текот на зимата и да се загрози безбедноста на нивната мрежа“, рече Бајден во соопштение.

Вчера Русија го нападна украинскиот енергетски систем и некои градови со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, соопшти Украина.

Од руската инвазија на Украина во 2022 година, Вашингтон одвои 175 милијарди долари помош за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ