недела, 22 декември 2024

Бајден: Путин е виновен за смртта на Навални

Западните лидери денес реагираат на веста за смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во затвор, а дел од нив, како американскиот претседател Џо Бајден или канадскиот премиер Џастин Трудо, за неговата смрт директно го прозиваат рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не знаеме што точно се случило, но нема сомнеж дека смртта на Навални лични на нешто што би го направиле Путин и неговите насилници“, кажа Бајден во Белата куќа.

„Руските власти ќе ја кажуваат својата приказна, но бидете сигурни, Путин е виновен за смртта на Навални“, додаде Бајден.

Тој кажа дека размислува за дополнителни чекори како Русија да се казни поради смртта на опозицискиот политичар, а за Навални кажа дека „храбро се спротивставил на корупцијата и насилството“ на власта на Путин, пренесува Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека е „гневен и огорчен“ за тоа што „во денешна Русија слободниот дух се испраќа во логори и се осудува на смрт“.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, пак, кажа дека смртта на Навални го потсетува светот „какво чудовиште“ е Путин.

„Тој беше силен борец за демократија, за слободите на рускиот народ. Тоа навистина покажува до која мера Путин ќе се пресметува со сите кои се борат за слободата на рускиот народ. Тоа е трагедија, нешто што целиот свет го потсетува какво чудовиште е Путин“, смета Трудо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ