„Да не се кандидираше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав и јас. Не смееме да му дозволиме да победи“, рече Бајден за време на говорот на настан организиран за собирање средства за неговата изборна кампања, пренесе Ројтерс.
Претходно беше објавено заедничко истражување на Ројтерс и Ипсос, според кое популарноста на Бајден овој месец е блиску до најниското ниво откако стана претседател.
Се покажа дека околу 40 отсто од испитаниците ги поддржуваат перформансите на Бајден како претседател, што е минимално зголемување во споредба со 39 отсто минатиот месец.
Рејтингот на Бајден се движи во надолна линија од август 2021 година, кога беше под 50 отсто, додека овој месец е блиску до најниското ниво за време на неговиот претседателски мандат, што е 36 отсто и е забележано во средината на 2022 година, наведе Ројтерс.