Како што објави Белата куќа доцна синоќа, Бајден „го повтори својот став дека воената операција не треба да продолжи без веродостоен и остварлив план за да се осигури безбедноста на цивилите во Рафа“, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што Палестинците нашле засолниште бегајќи од конфликтот.
Според Обединетите нации, во Рафа има околу 1,4 милиони луѓе.
Нетанјаху најави голема операција во Рафа за уништување на палестинското движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, кое го нападна Израел на 7 октомври, по што следуваше израелска воена операција во Појасот Газа.
Израелскиот премиер претходно рече дека неговата армија ќе дозволи цивилите да ја напуштат зоната на конфликтот, но не објасни каде Палестинците би можеле да отидат.