петок, 25 октомври 2024

Бајден доби писмо од американски сенатори: „Го кршите законот со вооружувањето на Израел“

Неколку американски сенатори, вклучувајќи го Берни Сандерс, му испратија отворено писмо на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото тие наведуваат дека со вооружувањето на Израел тој продолжува да го крши законот за странска помош, со кој е забрането да ѝ се испраќа воена помош на држава која ја ограничува испораката на хуманитарна помош.

Сенаторите истакнуваат дека во законот се наведува дека „никаква помош нема да ѝ биде пружена на ниедна земја кога на претседателот ќе му биде дадено до знаење дека владата на таа земја забранува или на друг начин ограничува, директно или индиректно, транспорт или испорака на хуманитарна помош“.

„Според известувањето на медиумите и вашите изјави, владата на Нетанјаху го крши овој закон. Имајќи го тоа предвид, ве повикуваме јасно да ѝ дадете до знаење на владата на Нетанјаху дека неуспехот веднаш и драматично да се прошири пристапот до хуманитарната помош и да се олесни испораката на помош низ Газа ќе доведе до сериозни последици, како што е наведено во постоечкиот закон на САД“, наведуваат сенаторите во писмото објавено на сајтот на Сандерс.

Се додава дека САД не би требало да пружаат воена помош на која било земја која ја попречува американската хуманитарна помош.

„Сојузниот закон е јасен и, имајќи ја предвид итноста на кризата во Газа, и константното одбивање на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху да се позанимава со загриженоста на САД околу ова прашање, неопходна е итна акција за да се обезбеди промена на политиката на неговата влада“, порачуваат сенаторите.

Писмото, покрај Сандерс, го потпишале сенаторите Мази Хироно од Хаваи, Питер Велч од Вермонт, Тина Смит од Минесота, Елизабет Ворен од Масачусетс и Бен Реј Лухан од Њу Мексико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ