Стоилковски посочи дека раководството во судствата и обвинителствата „се нивни, на ДУИ и СДС“.
„Ова што се случува е вандализам, багабонтство и процес кој што не само што ја срами Македонија туку е процес кој што нанесува трајни штети и последици пред меѓународни партнери. Партиски кланови се борат кој да биде претседател, па кој потоа да биде избран за судија, тоа е едно девалвирање, вандализам и багабонтство на отворена сцена пред македонската и меѓународната јавност.
Ова дури и на држави со авторитарни апсолутистички режими не им е пракса. И затоа велиме што побрзо избори, за вакви сцени да не гледаме се повеќе и повеќе“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.