Баерн Минхен со водство од 2-1 остварено во Глазгов го почна денешниот меч против Селтик на Алијанц Арена, но работите за Баварците одеа многу потешко од сите очекувања.
Во 63. минута по една грешка на одбраната на Баерн, Кун даде гол за водство на Селтик од 1-0. Конечниот резултат беше израмнет.
Баерн се мачеше да даде уште еден гол и да не дозволи мечот да отиде во продолженија, тоа им успеа во 94. минута кога Дејвис даде гол за конечни 1-1.
И вториот италијански претставник кој денеска играше и беше фаворит е елиминиран, Аталанта на домашен терен загуби од Клуб Бриж со 3-1 и заврши со Лигата на шампионите.
Белгијците во Бергамо отпатуваа со предност од 2-1 по првиот меч, на Аталанта ѝ беше потребна победа и беа голем фаворит во овој меч, но работите не се одвиваа како што тие посакуваа.
Уште во третата минута Талби даде гол за водство на Бриж од 1-0, истиот играч во 27. минута зголеми на 2-0, а во финишот од првиот дел Џутгла реализираше за 3-0.
Лукман во игра влезе на почетокот од првиот дел и веднаш, по само неколку секунди даде гол за 1-3.
Во 58. минута Аталанта можеше комплетно да се врати во мечот, но Лукман не реализираше пенал.
На крајот Аталанта заврши и со играч помалку откако Толои во 87. минута заработи црвен картон.
Во Лисабон имаше дури шест голови, мечот меѓу Бенфика и Монако заврши 3-3. Португалскиот клуб благодарение на триумфот од 1-0 во Монако оди понатаму.