понеделник, 21 октомври 2024

Баерн конечно го ангажираше Палиња, за Фулам ова може да биде рекордна продажба

Баерн Минхен утрово го потврди трансферот на Жоао Палиња од Фулам, се шпекулира дека зделката е вредна 50-51 милион евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Објавено на

часот

Сподели

Жоао Палиња минатото лето, во последниот ден од преодниот рок, пристигна во Минхен на лекарски прегледи, но наместо да потпише со Баерн, мораше да се врати во Лондон откако Фулам во последен миг се повлече од зделката.

Португалецот сепак ќе го облече дресот на „баварците“, двата клуба ова лето порано ги започнаа преговорите и најдоа компромис.

„Баерн Минхен го ангажираше Жоао Палиња од Фулам. Португалецот стави потпис на четиригодишен договор валиден до 30. јуни 2028“ – гласеше известувањето.

За новата авантура, Жоао Палиња рече: „Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот, ќе играм за еден од најголемите клубови во Европа. Ми се оствари сонот, горд сум на овој трансфер. Со нетрпение чекам да ја почувствувам атмосферата на Алианц Арена. Сакам да забележам успех во Баерн и да освојувам титули, ќе дадам се од себе за ова“.

Детали од зделката не беа откриени, Фулам само порача дека ова може да биде нивна рекордна продажба.

Како што шпекулираат медиумите, Баерн Минхен за Жоао Палиња ќе плати 50-51 милион евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Најскапа продажба на Фулам е Александар Митровиќ, кој за нешто повеќе од 52 милиони евра се пресели во Ал Хилал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ