Џошуа Кимих би можел да замине од „Алианц Арена“ по крајот на сезоната. Преговорите за нов договор тапкаат во место, па Баерн Минхен е подготвен летоска да го продаде фудбалерот доколку добие добра понуда.
Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Џошуа Кимих е заинтересиран за нова авантура, и на ум има пет клубови во кои би можел да ја продолжи кариерата.
Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона се клубовите кои го привлекуваат Џошуа Кимих.
Трансфер во Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ не се опција за Германецот во овој момент.