петок, 18 октомври 2024

Автопатот Кичево-Охрид ги врати пратениците во Собрание

Откако претседателот на Собранието, Јован Митрески информираше дека седницата на 28 март е последната одржана во овој состав на пратеници, тој се премисли и за денеска закажа итна седница со една точка на дневен ред, измени на Законот за изградба на автопатот Кичево-Охрид и на Законот за изградба Миладиновци-Штип.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска во 13:30 часот закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата“, информираа кусо од прес службата на Собранието.

Владата на 26 март усвои Информација на продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Новиот анекс на Договорот со кинескиот конзорциум  Синохидро се однесува на продолжување на рокот за изградба кој сега се предлага да биде до крајот на 2026 година, а од  Министерството за транспорт и врски информираа дека нема да бидат платени повеќе пари од последните пресметани 598 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ