Меѓу поатрактивните возила на настанот беше најстарото возило од 1932 година „фиат Балила”, возилото „форд конзул“, англиско возило кое е дојдено од Парачин, Србија.
Имаше и такви кои пристигнаа и од Осијек, Хрватска, „мерцедес понтон“ од далечната 1959 година, како и многу други атрактивни автомобили и моторцикли.
На изложбата учество зедоа клубови од Косово, Србија, Бугарија, Хрватска, а е во организација на здружението „Класик мини” од Скопје.
На настанот присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски, кој од организаторот доби благодарница за успешна соработка.