петок, 2 јануари 2026

Најпопуларниот спортски компактен автомобил го слави 50-от роденден, Фолксваген најави нов ГТИ (ФОТО+ВИДЕО)

Најпопуларниот компактен спортски автомобил во светот, фолксваген голф ГТИ. ја слави својата 50-годишнина во 2026 година. Од првиот модел во 1976 година произведени се повеќе од 2,5 милиони примероци од ова легендарно возило.

Објавено на

часот

Сподели

По повод годишнината, Фолксваген претставува специјално издание голф ГТИ едишн 50 со 325 коњски сили, што го прави најмоќниот сериски модел голф ГТИ досега. Ограниченото издание е веќе достапно за нарачка во одредени европски земји, а испораките се планирани за 2026 година.

Марката ќе направи и историски чекор со претставување на првиот електричен ГТИ модел – ИД. поло ГТИ со 226 КС, кој треба да ја внесе филозофијата ГТИ во ерата на електричната мобилност.

Прославите на јубилејот ќе почнат на саемите за класични автомобили во Париз (Ретромобил, 28.01.-01.02.) и Бремен (Бремен класик моторшоу, 30.01.-02.02.), што воедно ќе го означи и почетокот на европската сезона на класични автомобили во 2026 година.

Од своето претставување во 1976 година голф ГТИ внесе револуција светот на спортските автомобили со својата извонредна комбинација од перформанси, практичност и прифатлива цена. Првиот модел со 110 КС, препознатлива црвена рамка на решетката на ладилникот и рачка на менувачот во форма на топче за голф, првично беше планиран за само 5.000 примероци, но продажбата ги надмина очекувањата десеткратно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ