недела, 9 февруари 2025

Автомобил вози на строго пешачка патека на булеварот Партизанска (ВИДЕО)

Жители на општина Карпош до редакцијата на МКД.мк испратија видео на кое се гледа како автомобил вози на строго пешачка патека на булеварот Партизански одреди недалеку од местото каде што се случи трагичната сообраќајна несреќа во која живото го загуби Фросина Кулакова.

Објавено на

часот

Сподели

По скорешните случувања со кревањето глас на јавноста за безбедноста во сообраќајот и по сѐ што ни се случува последниве години со хаосот и узурпирањето на простор од несовесни возачи, ви испраќаме видео на кое се гледа како кола на агенција за обезбедување вози на строго пешачката патека на булеварот Партизански одреди, се наведува во дописот на жители на Општина Карпош.

„Станува збор за патеката долж булеварот која е позади дрворедот и до која скоро е неможно да се стигне со кола. Ова редовно, скоро секој ден, се случува пред казиното на раскрсницата на Партизанска со Рузвелтова, каде вработените од Перпетуум мобиле си возат за да ја паркираат службената кола на раат, таму каде е целосно пешачка зона“, велат жителите на Карпош.

Тие тврдат дека за вакви и слични проблеми се обратиле во полициска станица во Карпош.

„Смо ни велат дека се немоќни да постапат. Се јавивме и неколку пати во Перпетуум мобиле, рекоа дека ќе пренесат до одговорните, но нема никаква промена“, наведуваат жителите на Општина Карпош.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ