четврток, 19 декември 2024

Австрискиот фудбалер кој беше претепан би можел да ја заврши кариерата

Играчот на Рапид Виена, Гуидо Бургшталер би можел да објави крај на кариерата откако се здоби со сериозни повреди по физички напад во центарот на Виена.

Објавено на

часот

Сподели

35-годишниот фудбалер учествуваше во тепачка со 23-годишно момче која се случила рано наутро во шест часот пред дискотека во Виена.

Фудбалерот се здоби со фрактура на черепот откако удрил со глава на подот.

Според најавите од Австрија, Бургшталер можеби ќе биде приморан да ја заврши својата фудбалска кариера поради повредите.

Тој веќе има 35 години, а рехабилитацијата ќе биде подолга, па прогнозите се дека ќе се откаже од враќање на фудбалот. Наскоро ќе донесе конечна одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ