среда, 12 март 2025

Австрија: Сириец избодел пет лица, тинејџер убиен во нападот (ФОТО)

Дваесет и тригодишен Сириец по случаен избор избодел петмина минувачи во Вилах, град на југот на Австрија. Во нападот загинало четиринаесетгодишно дете, четири лица се повредени. Полицијата го привела осомничениот. Тој е сириски државјанин со легален престој во Австрија, соопшти полицијата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот не ѝ е познат на полицијата и засега не се знае ништо за неговите мотиви. Полицијата соопшти дека сѐ уште не е јасно дали осомничениот делувал сам, па затоа продолжува со потрагата по евентуални дополнителни осомничени.

Двајца мажи се тешко повредени, уште двајца се полесно повредени, додаде полицијата.

Нападот се случил во центарот на Вилах, главниот град на Корушка.

„Ова страшно злосторство мора да има најтешки последици! Отсекогаш јасно сум велел: кој живее во Корушка, во Австрија, мора да ги почитува законите и да се приспособи на нашите правила и вредности“, изјави гувернерот на Корушка, Петер Кајзер.

„Секој што нема да го стори тоа мора да се соочи со најстрогите последици – да биде изведен пред суд, затворен и депортиран“, рече тој.

Два дена претходно, двегодишно девојче и нејзината мајка беа убиени во напад со автомобил во Минхен, Германија, 37 лица беа повредени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ