сабота, 26 октомври 2024

АВМУ и КСЗД потпишаа Меморандум за спречување дискриминација во медиумите

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека соработката ќе се реализира при конкретни случаи на поттикнување или ширење дискриминација, нетрпеливост или омраза во програмите при кои, за поголема ефикасност, тие ќе постапат кон давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и кон платформите за споделување видеа, а Комисијата кон медиумските работници.

Како што истакнаа, посебно внимание ќе посветат на промовирање на слободата на изразување, унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација, заштита на интересите на корисниците на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поттикнување на медиумската писменост, организирање работилници, семинари, кампањи од јавен интерес, како и поттикнување на културата на јавен дијалог меѓу граѓаните со цел да се зацврстува заемното разбирање и толеранција за унапредување на односите меѓу различните заедници.

Двете страни се согласни дека меѓусебната соработка и активностите кои ќе следат ќе придонесат за поголемо почитување на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, медиумските работници и платформите за споделување видеа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ