Сезонското авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен на 1 јуни годинава.
Од „Ејџијан Ерлајнс“ велат дека линијата меѓу Скопје и Атина продолжува регуларно да функционира, како и досега и не постојат промени во поврзувањето на двата главни градови.