Претходно, на ул. „Маршал Тито“ во Гевгелија, информираа од МВР, тој бил затекнат со уште четири лица мигранти, двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго, и по преземени мерки било констатирано дека С.З. ги пренесувал лицата преку државната граница од Република Грција во Македонија и за тоа им наплаќал.
„Мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар Винојуг, а С.З. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија денеска од МВР.