недела, 22 декември 2024

Атентаторот на Фицо по апсењето: Не се согласувам со власта, ги ликвидираат масовните медиуми

71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо, вели дека тоа го направил затоа што не се согласувал со владината политика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Словачкиот портал Новини ја објави изјавата што во полиција ја дал Цинтула веднаш по неговото апсење. „Не се согласувам со политиката на владата. На крајот на краиштата, мас-медиумите се ликвидираат. Зошто беше нападната Радио-телевизија Словачка (РТВС)? Зошто беше разрешен судијата Мазак (поранешен претседател на Судскиот совет)?“, наводно рекол Цинтула.

Повеќе сведоци рекле дека атентаторот најпрвин му довикал на Фицо: „Робо, дај ми ја раката“, а кога Фицо му пришол и му ја подал раката, Цинтула го застрелал. Тој, наводно, пукал пет пати, а Фицо го погодиле три куршуми.

Порталот Актуалоти контактирал со синот на атентаторот, кој потврдил дека неговиот татко легално поседува оружје ЧЗ 9 мм. Но негирал дека татко му некогаш спомнал дека планирал напад врз Фицо.

„Немам поим што планирал татко ми, зошто тоа се случи“, рекол тој. Запрашан дали неговиот татко го мрази премиерот, тој рекол: „Ќе ви го кажам ова – не гласаше за него“.

„Можеби му се случил некој краток спој, не знам. Тој е малку поимпулсивен, но никогаш не одел по психијатри“, рекол синот на атентаторот.

Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо излегол меѓу насобраниот народ.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој бил итно пренесен во болница со хеликоптер и бил опериран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ