Доколку Аталанта останеше на петтото место, тогаш Италија ќе имаше шест претставници во Лигата на шампионите, но тимот од Бергамо денеска славеше против Торино и дефинитивно отиде погоре од петтата позиција.
Скамака, Лукоман и Пашалиќ беа стрелци на головите за Аталанта.
Победата на Аталанта значи дека Рома што и да направи против Емполи вечерва, нема да може да избори место во ЛШ.
Во исто време се играше дуелот меѓу Наполи и Лече кој заврши без голови 0-0.