Ништо од тројна круна без пораз за Чаби Алонсо и Баер Леверкузен, Аталанта испиша историја, првпат освои европски трофеј.
Момците на Џанпјеро Гасперини одиграа совршен меч, го надиграа Леверкузен и заслужено се радуваат на овој огромен триумф, најголем за нив.
Резултатот беше рано отворен, во 12. минута Лукман по асистенција од Запакоста постигна гол за 1-0.
Во 26. минута истиот играч погоди од далечина, преубав гол за водство од 2-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
Конечните 3-0 и негов хет-трик Лукман ги постави во 75. минута од натпреварот.