Наполитанците доживеаа шок на стадионот „Диего Марадона“ против директен ривал за четвртата позиција.
Аталанта поведе во 26. минута со гол на Миранчук, а пред самиот крај на првото полувреме Скамака зголеми на 2-0.
Се очекуваше реакција на Наполи во вториот дел, но актуелниот шампион на Италија не успеа да постигне гол.
Пропуштеното го казни Копмајнерс кој во 88. минута ги постави конечните 3-0 за Аталанта.