понеделник, 3 февруари 2025

Астон Вила го потврди трансферот на Рашфорд од Манчестер јунајтед

Астон Вила го комплетираше ангажманот на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, тој стави потпис на позајмица до крајот на сезоната со опција целосно да биде откупен.

Објавено на

часот

Сподели

Рашфорд првпат ќе заигра во клуб кој не е Манчестер јунајтед, по 10 години тој го напушта Олд Трафорд.

Засега само на позајмица до крајот на сезоната, но Астон Вила има опција целосно да го откупи.

„Астон Вила со задоволство може да ја соопшти позајмицата на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед“, стои во соопштението на клубот од Бирмингем.

Фудбалерот е задоволен што се случи оваа зделка.

„Би сакал да им се заблагодарам на Манчестер јунајтед и Астон Вила што се случи оваа позајмица. Имав среќа неколку клубови да ме бараат, но Астон Вила беше лесна одлука, навистина го ценам начинот на кој Астон ВИла игра оваа сезона како и амбициите на тренерот. Сакам само да играм фудбал и возбуден сум да почнам. На сите во Манчестер јунајтед им посакувам се најдобро во остатокот од сезоната“, рече Рашфорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ