Ашковски веќе три недели има повреда на скочниот зглоб, но се појави на подготовките во Анталија.
Беше на физикална терапија, но тој процес за закрепнување се покажал дека е недоволен за навреме да се опорави. Тој ќе ги пропушти и двата пријателски натпревари.
Бекот се враќа во својот клуб Алашкерт, Ерменија и таму ќе ја продолжи рехабилитацијата.
Македонија на 22. март игра со Молдавија, а на 25. март со Црна Гора.